Во приватната ординација ИНА се изведуваат прегледи и дијагностичко-терапевтски интервенции од сите области на гинекологијата и акушерството. Во широката палета на услуги спаѓаат редовни гинеколошки прегледи, следење на нормална и високо-ризична бременост, 4Д ултразвучни прегледи, иследувања на менструалната функција, пери- и постменопаузалните проблеми, како и дијагностички интервенции како ендометријалната биопсија, хорионбиопсии и амниоцентези.

Со искуство од повеќе од 20 години во својата специјалност, Др. Станкова има изградено лична и професионална соработка со реномирани лекари и институции од областа на педијатријата, дерматовенерологијата, хирургијата, интерната медицина, нутриционизмот, болестите на дојката, стоматологијата и други специјалности во земјата и во странство, што овозможува консултација и упатување на клиентите во случај на потреба. На Универзитетот Томас Џеферсон во Филаделфија, САД е воспоставена соработка со Проф. Бари Голдберг а во Универзитетската болница Шарите во Берлин, Германија со Проф. Карим Калаш. Др. Станкова има склучено договор со приватната општа болница Ремедика во која ги изведува породувањата и оперативните интервенции на своите пациентки.
 
ПРЕГЛЕДИ И ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА
 
ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ И ИНТЕРВЕНЦИИ
 
 
Скрининг за гестациски дијабетес

Се одредува гликемија на пациентката, ако во два наврати вредноста е еднаква или поголема од 7.0 mmol/l, се ПОСТАВУВА ДИЈАГНОЗА НА ГЕСТАЦИСКИ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ПОНАТАМОШНО ...
 
 
Материјал за уринокултура

Се испрака за анализа утринска мочка. Најпрво пациентот ги измива рацете и ги брише со крпа за еднократна употреба. Следи тоалета на надворешните гениталии ...
 
 
Амниоцентеза

Амниоцентезата (АЦ) е интервенција која се прави во текот на бременоста со цел да се откријат хромозомски пореметувања на бебето, како што е Дауновиот синдром. Ова се прави со ...
 
Copyright 2011 Др. Ина Гинекологија и Акушерство - Сите права се задржани
За Ординацијата | Услуги | Ценовник на услуги | Галерија | Контакт информации и Локација

Изработка и хостирање - Unet