Во приватната ординација ИНА се изведуваат прегледи и дијагностичко-терапевтски интервенции од сите области на гинекологијата и акушерството. Во широката палета на услуги спаѓаат редовни гинеколошки прегледи, следење на нормална и високо-ризична бременост, 4Д ултразвучни прегледи, иследувања на менструалната функција, пери- и постменопаузалните проблеми, како и дијагностички интервенции како ендометријалната биопсија, хорионбиопсии и амниоцентези.