Categories
Блог

Земање на материјал за уринокултура

Се испраќа за анализа утринска урина. Најпрво пациентот ги измива рацете и ги брише со крпа за еднократна употреба.
Следи тоалета на надворешните гениталии.

Првиот млаз од урината се остава да истече во тоалетот и без да се прекинува со мокрењето следниот (среден млаз) се остава да истече во однапред даден транспортен сад (стерилен).

Без да се загади капакот се затвара садот и се става налепница со име, презиме и единствен матичен број на пациентот.